Се одиграа натпреварите од 27-то коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ освои бод на гостувањето во Прилеп што е петти натпревар оваа пролет како „жолто-сините“ гордо се враќаат дома. Самиот натпревар не донесе речиси никакви поголеми возбудувања па натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0. Во првото полувреме единствената шанса ако така може да се каже ја имаа гостите кога по изведениот корнер топката директно одеше во левиот агол но голманот на домаќините со прекрасна интервенција ја исфрли повторно во корнер.
Во вториот дел домаќините се заканија кога еден домашен играч од свртување одлично биеше, но голманот на „жетварите“ Ѓорѓи Јованоски со прекрасна интервенција ја сочува својата мрежа. Во 81’ гоманот на „Осогово“ Јованоски во желба да спречи еден напад на прилепчани, далеку излезе од својот шеснаесетник по што имаше контакт со домашниот напаѓач и заработи црвен картон.
„Брегалница“ загуби на гостувањето кај „Аресими“ и се чини дека ги загуби сите шанси за директно враќање во Првата лига а и учеството во бараж натпреварот е под голем знак прашалник. Четата на Горан Здравков „Детонит Плачковица“ во интересен и неизвесен натпревар дојде до три бодови на гостувањето во Струмица.„Македонија ГП“, „Каменица Саса’ и „Новаци“ без поголеми проблеми славеа како домаќини. И „Охрид“ дојде до трите бода откако со минимален резултат го совлада гостинот од Гевгелија.
„Башкими“ еден од најголемите кандидати за влез во Првата лига се лизна на домашен терен против екипата на „Скопје“, На 20’ до крајот на средбата гостите беа тие кои го отворија резултатот, а домаќините по девет минути израмнија и со освоениот бод паднаа на третата позиција на табелата.
Резултати од 27-то коло:
Победа – Осогово 0:0
Аресими – Брегалница 2:1
Беласица – Детонит Плачковица 1:2
Македонија ГП – Борец 3:0
Каменица Саса – Вардар 4:2
Башкими – Скопје 1:1
Охрид – Кожуф 1:0
Новаци – Вардарски 4:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ