ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО: НАВИКИТЕ ТЕШКО СЕ МЕНУВААТ, ЛОШИОТ СИСТЕМ И ПОНАТАКА СИ ФУНКЦИОНИРА

мај 8, 2025
0 минути

Лошо поставениот систем кој го зави градот во црно и понатака си функционира како и досега, со исто темпо и за исти нешта. Таман кај луѓето се роди надеж дека нешто ќе почне да се менува на подобро, од тоа ништо, старите навики останаа и нема сила што ќе ги смени во блиска иднина. Што е следно за да почне поинаку да почнеме да размислуваме на глобално ниво.

Нашиот читател кој пред еден месец ни испрати текст со фотографии, откако увидел дека ништо не се менува, поточно дека не реагираат ниту надлежните во Општината ниту од полицијата реши да испрати уште еден допис во кој се вели:

„Никој значи во овој град за ништо не се интересира, мислам на оние кои ги плаќаме од наши пари. Пред месец дена ве замолив да објавите текст со слики на кои се гледаше мојата реакција а истата е узурпацијата на плочникот и тротоарот пред зградата во Стришани позната кај народот како баба Лена. Некој на некого му дозволи местото што се уреди од наши пари да си го претвори во приватен паркинг. Некој дозволил да си постават заштитници за паркирање односно откако ќе си паркираат возилата пред зградата едноставно си ја блокираат колата паркирана. Се сомневам дека нешто има договорено некој од одговорните со овие кои ги паркираат колите. И јас имам кола но ја паркирам  на друго место иако и јас сум дел од сопствениците на ако веќе некој го рачуна ова за паркинг простор. Да бидам искрен размислувам исто таков заштитник да си ставам кај мојата кола на самиот тротоар па да видам дали ќе бидам казнет бодејќи овие досега никој не ги казнува. Доколку не се преземат мерки ќе доставам фотографии до Министерството за внатрешни работи и до некои медиуми кои имаат влијание кај надлежните, Еве ви и фотографии.“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ