КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ СО 19 МЕДАЛИ СЕ ВРАЌААТ ОД „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2025“

Во Спорт
мај 18, 2025
1 минути

Денес Скопје беше домаќин на 23-тото издание на Меѓународниот карате турнир „Солидарност Опен 2025“.

Карате Клуб „Кочани“ на турнирот партиципираше со 13 натпреварувачи кои освоија вкупно 19 медали од кои 7 златни, 4 сребрени и 8 бронзени. Во екипен пласман Карате Клуб „Кочани“ го освои 3-тото место.

„Како клуб задоволни сме од постигнатите резултати на нашите натпреварувачи. Во 2 категории финалните борби беа целосно наши – се сретнаа четворица наши натпреварувачи, кои се бореа еден против друг за златниот медал! Ова е уште еден доказ за посветената работа, тимскиот дух и квалитетот на нашите спортисти. Браво за сите натпреварувачи и тимот што стои зад нив! Горди сме! На она што го работиме и остваруваме“ потенцираа од Карате Клуб „Кочани“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ