Во Петок со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани сега веќе пензионираниот професор Доне Донев по 50-ти пат ќе ја изведе монодрамата „Да се убие себе во себе“ посветена на првиот претседател на Република Македонија Методија Андонов – Ченто.
„Ова ќе биде јубилејно педесетто издание на претставата а целта ми е собраните средства, односно сиот приход од продадените влезници да ги наменам на најзагрозените од трагедијата што го зафати Кочани. Јас и моите блиски ќе купиме влезници за претставата, затоа купете и Вие“ беше изјавата на Доне Донев.
Инаку претставата „Да се убие себе во себе“ премиерно беше изведена на 17 Август 2012 година исто така во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Влезниците се по цена од 200,00 денари.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ