„ОСОГОВО“ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛИОТ ПЛЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во Спорт
август 23, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од првото коло со што стартуваше првенството во Втора Фудбалска Лига.

Екипата на „Осогово“ како гостин во Македонска Каменица одигра 1:1 против домаќинот „Каменица Саса“, но според она што го видовме особено во судиското надополнување кочанчани се тие што треба да жалат за преостанатите два бода.

„Жолто-сините“ подобро го започнаа натпреварот од домаќините и како резултат на добрата игра поведоа во 25’ а стрелец на погодокот беше Голубов. По водството „жетварите“ малку се повлекоа им ја препуштија иницијативата на домашните играчи а својата шанса ја бараа од против нападите.

Второто полувреме домаќините го започнаа малку поагресивно и во 53’ успеаја да го израмнат резултатот на 1:1. По една длабочинска топка лошо интервенираше последната линија на гостите, до топката дојде Симевски кој со удар по средината на голот донесе израмнување.

До крајот на натпреварот, односно во судиското надополнување гостите беа тие што можеа да дојдат до целиот плен но во 91’ по одлично нафрлената топка од десната страна од само неколку метри Жоглев биеше со глава но покрај десниот дирек на домашниот чувар на мрежата.

Резултати од првото коло:

Каменица Саса – Осогово  1:1

Вардар (Н) – Тетекс  2:1

Брегалница – Кожуф  0:0

Новаци – Победа  2:0

Преспа – Шкендија (А)  0:3

Охрид – Беласица  1:1

Скопје – Слога 1934  1:0

Големо Коњари – Детонит Плачковица  0:4

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ