Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и годинава продолжува со ФИБА проектот за талентирани кошаркари.
По тој повод започнувајќи од 28 Февруари до 05 Март во Скопје ќе се одржи кошаркарскиот камп на кој освен кошаркари и кошаркарки од Македонија ќе учествуваат и од Турција, Бугарија, Романија и Косово.
Организаторот на кампот освен тренинзи ќе организира и кошаркарски натпревари.
Нашите надежи тренинзите ќе ги одржуваат на 28 Февруари, 01 и 02 Март во Спортската сала „Кале“ од 14:00 часот, додека распоредот за натпревари ќе биде:
03.03.2022 година Турција – Македонија 17:00 часот (Кале)
04.03.2022 година Македонија – Бугарија 17:00 часот (Кале)
05.03.2022 година Романија – Македонија 17:00 часот (Кале)
06.03.2022 година Македонија – Косово 17:00 часот (Кале)
Меѓу повиканите кошаркари од страна на селекторот Александар Јованчев е и Иван Мијалов од Кочани кој моментно ги брани боите на КК „Куманово“, а истиот како талентиран кошаркар влезе во пошироката група кошаркари по препорака на Сашо Лазарев – Чапо пред две години која подоцна ја селектираше Драган Василов – Цефка.
С. Ивановски