Денеска во ООУ „Никола Карев“ Кочани, беше промовиран проектот „ Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ кој во наредните месеци ќе го имплементира Македонско-бугарската стопанска комора, а е финансиран од Амбасадата на република Бугарија во Република Северна Македонија.
Главна цел на проектот е Обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.
Преку низа активности ќе се работи на промовирање на инклузивно спортско образование со вклучување на деца со попреченост, деца од етнички малцинства од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци; Промовирање на вистински животни вредности преку спортски настани; како и Јакнење на свеста за важноста и значењето на спортот кај сите деца.
Иако носител на проектот е ООУ „Никола Карев“, во проектните активности ќе бидат вклучени деца – ученици од другите основни училишта, нивните родители како и наставници по физичко образование и спорт.
Проектот е одлична можност за да ги тргнеме децата од нивното секојдневие заробени со технологијата и да ја истакнеме важноста на спортот, дружбата, активностите. Спортот е повеќе од потребен, посебно во периодот на раст и развој – изјави Ирена Мирчовска – координатор на проектот.
Ова е одличен пример дека бизнис заедницата освен за остварување на свои лични интереси, вложува и во општествени прашања, конкретно во спорт и квалитетно образование. Од име на ООУ „Никола Карев“ упатуваме огромна благодарност до Амбасадата на Република Бугарија и Претседателката на Македонско – бугарската стопанска комора за можноста за реализирање на вакви проекти – изјави Александар Андов – Директор на ООУ „Никола Карев“.
Вредноста на проектот е 14411 евра.
Кочани, 23.09.2025 Ирена МИрчовска Тел.071272024
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ