Одамна кочанчани се гордеат на коритото на „Кочанска Река“ а се поради природно направеното нејзино течение. И навистина кога ќе појде човек од мостот кај Плоштадот па речиси се до железничкиот мост маже да се гордее со изгледот на реката и со начинот на кој таа се одржува.
Сепак не е се така идеално, ако се појде понасевер сликата е се полоша за да ако се спушти човек подолу од железничкиот мост има што да види, тоа повеќе личи на терен подготвен за некој хорор филм одошто на река како во централното градско подрачје.
Токму бујната вегетација која еднаш годишно се уреди е причината што жителите на овој потег од градот честопати со право реагираат особено во летниот период кога не смеат од наезда на змии да излезат од своите домови бидејќи чести посетители се и на нивните дворни места.
Време е на избори кога жителите на Кочани треба да одлучат кој ќе биде градоначалник во следните четири години и кои се советници ќе добијат доволен број на гласови за да ги решаваат проблемите како членови на новиот состав во Совет на Општина Кочани.
Затоа сакаме да ги потсетиме сите кандидати за Градоначалник или оние што се на листите за советници да дојдат и во овој дел од градот и ако ништо барем да им ветат на овие жители дека доколку станат градоначалник или советници реката на овој потег почесто ќе се уредува, поточно ќе се одржува.
Нека им ветат, но и нека потоа си стојат на ветеното.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ