Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 151 годинa од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.

По тој повод, градоначалникот Владко Грозданов со делегација од Советот на Општина Кочани и директорката Милева Богданова со вработени во училиштето и ученици положија свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор.

По повод празникот на училиштето, ученици настапија со осврт кон животот и делото на Мисирков.
Посетата на ОУ „Крсте Мисирков“ градоначалникот Грозданов ја искористи да се запознае со состојбата на училиштето, просторните, техничките и материјалните услови за работа на учениците, наставниците и стручните служби.




КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
