ЦЕЛОДНЕВНИОТ ПРЕСТОЈ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ СО НОВ ЛИК

септември 16, 2022
1 минути

Почитувани

Ве информираме дека за краток период заеднички со наставничката по Ликовно образование и Одделенскиот наставник кој ќе работи во целодневниот престој успеавме да го уредиме и доопремиме целодневниот престој во нашето училиште.

Се обврзуваме дека и понатаму ќе вложуваме и ќе ги подобруваме условите се со цел нашите  дечиња и ученици да се чувствуваат пријатно и во опуштена атмосфера да ги совладуваат новите предизвици.

ООУ „Никола Карев“-Кочани

Директор: Александар  Андов