СООБРАЌАЈКА КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА

март 3, 2022
0 минути

Вечерва околу 19 часот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек кај Полициска станица – Кочани се случи сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено.

До несреќата дошло кога ПМВ „Форд“ со кочански регистарски таблички удрило во бетонската жардинјера што го разделува булеварот.

Поради повредите на еден од патниците во возилото кое има поголема материјална штета повикана е итна медицинска помош.

Во периодот додека службите ја утврдуваа причината за сообраќајната несреќа  сообраќајната лента на булеварот од кружниот тек спрема автобуска станица  беше затворена.

С. Ивановски