ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ И ГОДИНАВА НАПРАВИЈА ЗАБАВА ЗА ПАМЕТЕЊЕ

декември 28, 2025
1 минути

Уште една прекрасна  вечер, уште еден прекрасно културно-забавен програм организираше менаџерскиот тим на Приватната Детска Градника „Амичи“ од Кочани по повод Новогодишните празници.

Дечињата насмеани, распеани и разграни ја испратија годината на заминување а заедно со традиционалните Баба Мразици  изразија задоволство што доаѓа Новата Година.

И годинава салата во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани беше претесна да ги прими родителите, роднините и пријателите на дечињата од оваа градинка.

А оние што присуствуваа на забавата, заедно со дечињата беа дел од оваа програмата. И тие пееја и играа што уште повеќе ги направи среќни оние што беа на сцената.

ПДГ „Амичи“ по кој знае кој пат го положи испитот.

Секоја чест за организацијата и за забавата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ