Во Сабота (31.01.2026 година) во Спортската сала во Оризари во организација Фудбалска Школа „Академија Тошев“ ќе се одигра 11-тиот Фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“.
На турнирот освен домаќинот „Академија Тошев“ ќе настапат и екипите на „ФШ Фудбал Старс“ (Кочани), ФК „Осогово“ (Кочани) и ФШ „Атлетико“ (Теранци).
Право на настап имаат играчи до 15 години. Ќе се игра 5+1, 2х15 минути. Финалето ќе се игра 2х20 минути.
По завршување на натпреварите ќе бидат прогласени Најдобриот голман, најдобриот играч и најефикасниот играч.
Натпреварите започнуваат во 11:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
