Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со вегетација и нечиста, е целосно расчистена. Општина Кочани реализираше акција за уредување и чистење на овој простор со цел подобрување на јавната хигиена на овој простор.

Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен и приведен во уредна состојба. Со оваа интервенција се спречува појава на дива депонија и на потенцијални здравствени ризици.
За жителите од овој дел на градот подобрено е и јавното осветлување.

Општина Кочани апелира до граѓаните за совесно и одговорно однесување, со почитување на правилата за јавна чистота и хигиена. Секој поединец има улога во зачувувањето на уредна и здрава животна средина, а заедничката грижа е предуслов за чист и достоинствен град.

Акциите за расчистување и уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период, како дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на квалитетот на живеење.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
