АТАНАСИЈА ГУШКОВА ДРЖАВЕЕН ПРВАК ВО БОРЕЊЕ ВО КАТЕГОРИЈА ПИОНЕРИ У-15

Во Спорт
јануари 31, 2026
1 минути

Во организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка од Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење за пионери У-15.

Борачите на Спартак“ од Кочани освоија еден златен медал во женска конкуренција и четири бронзени во машка конкуренција.

Златниот медал во женска конкуренција го освои Атанасија Гушкова  во категоријата до 46 килограми додека на бронзените медали во машка конкуренција носители се:

Давид Златков во категорија до 41 килограми;

Никола Пешев во категорија до 44 килограми;

Мартин Цветков во категорија до 57 килограми;

Џејсон Ѓорѓиев во категорија 62 килограми
Тренер на екипата  Иван јанев а судии на душекот од Кочани беа Игор Христов и Гоце Ангелов.

С..Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ