Четврток, 19 февруари, 12 часот, во соработка со Клуб на млади при ОО Црвен крст – Виница, промоција на двојазичната книга за деца на македонски и турски јазик ,,Басни за деца”.
Книгата на интерактивен начин ќе биде претставена пред ученици од ООУ ,,Раде Кратовче” – Кочани.
Книгата е дел од интеркултурниот проект ,,Светулка” при ЦКА -ПХВ ОО Црвен крст Виница.
Традиционално и оваа година да го прославиме негувањето на мајчиниот јазик, запознавањето на мајчиниот јазик на нашите другарчиња преку детската книжевност и љубовта кон читањето.
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
