ВРЕМЕНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ ВО КОЧАНИ

март 2, 2026
0 минути

Поради градежни активности во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улица „Тодосија Паунов“. Времениот режим на сообраќајот се однесува за потегот од кружниот тек кај бензинска пумпа Макпетрол, Атомски згради до СОУ”Гошо Викентиев” Кочани.

Сообраќајот на источниот влез во градот ќе се одвива во двата правци на левата коловозна лента во правец кон Виница а на десната коловозна.лента ќе се изведуваат градежни работи.Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ