ВТОРОЛИГАШИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ВТОРНИК, ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА ВО КОЧАНИ?

Во Спорт
март 2, 2026
1 минути

Второлигашите продокжуваат во засилено темпо. Утре (Вторник) на програмата се натпреварите од 18-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Неколку натпревари го привлекуваат вниманието на љубителите на фудбалот но за кочанчани секако дека најинтересен натпревар е „Осогово“ – „Охрид“.

„Жетварите“ одлично го започнаа пролетниот дел, на два натпревари забележаа две минимални но мошне значајни победи што ги зголемија шансите „жолто-сините“ во регуларниот дел да го задржаѕ второлигашкиот статус.

„Осогово“ го пречекува лидерот на табелата со верба во себе дека победоносната серија ќе продолжи. Сепак за да се стигне до посакуваната цел ќе мора натпреварот мудро да се одигра, со смирена игра без нервоза да се чека шансата за да има нова радост на трибините.

Двооки од 18. коло:

Осогово – Охрид

Тетекс – Брегалница

Вардар (Н) – Новаци

Кожуф – Каменица Саса

Победа – Преспа

Шкендија (А) – Скопје

Беласица – Големо Коњари

Слога 1934 – Детонит Плачковица

Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ