ПОЕТСКАТА ЗБИРКА „ОТУЃЕНОСТ“ ОД МЕТОДИ БОЈАЏИСКИ ПРОМОВИРАНА ВО КОЧАНИ

март 3, 2026
1 минути

Вечерва во ЈОУ Библиотека ,,Искра” беше промовирано второто дело, поетската збирка ,,Отуѓеност” од штипскиот автор Методи Бојаџиски. Промотор на делото беше м-р Трајче Кацаров.

Авторот е роден, пораснал и се школувал во градот под Исарот, но после студиите живее и работи во Америка каде продолжува да пишува и твори за родниот град, детските години, спомените и луѓето.

,,Отуѓеност” е книга со современа поезија напишана за денешното време што зборува за чувствата, оддалеченоста меѓу луѓето, и личните размислувања во денешницата. Преку поетскиот израз ја претставуваат отуѓеноста како појава во новото време со современите предизвици, но и носталгијата и навраќањето кон корените, размислувањето и творењето на мајчин јазик.

Бојаџиски не внесе во сржта на неговата книга со одговорите на неколкуте спонтано поставени прашања од неговиот промотор актерот и драматург, како и писател на повеќе дела м-р Трајче Кацаров.

ЈОУ Библиотека ,,Искра”

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ