ПРОМОЦИЈА НА ТВОРЕШТВОТО НА ТРИ МЛАДИ АВТОРКИ ОД СТРУМИЦА

јануари 17, 2024
0 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани а во соработка со Дом за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, денес, во просториите на Библиотека „Искра“  беше реализирана средба со младите талентирани авторки од Струмица, Рената Атанасова, Василија Ѓоргиева и Марија Витанова.

Воедно средбата беше искористена за претставување на творештвото на Рената Атанасова, Василија Ѓоргиева и Марија Витанова

Промотор на нивните дела  беше Ацо Ѓоргиев, афористичар и поет, стручен соработник во Домот за млади и деца „Благој Мучето“, а за творештво на младите авторки зборуваше директорката Светлана Мазгалоска Вучетиќ од истата институција.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ