НОВА ИНОВАЦИЈА НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

април 8, 2026
0 минути

КЈП „Водовод“ – Кочани не престанува да ги изненадува жителите на Кочани. Како што ни јавуваат наши читатели од денес со нова иновација, „нов директор, нови иновации“.

Имено улицата „Гоце Делчев“ која доби нов асфалт кон крајот на месец Ноември 2024 година неодамна поради дефект мораше да биде прекопана. И како што налагаат прописите по извршената поправка улицата мора да се донесе во првобитната положба, поточно на ископаното место да се потполни со земја, да се тампонира и да се покрие со асфалтен слој за да биде според критериумите за сообраќај.

Но денес ископаното место беше потполнето со земја а наместо асфалтен слој се ставија бекатон плочки.

Сега улицата на тој дел е и пропадната и шарена.

Ако не би било смешно, би било трагично.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ