Во текот на вчерашниот ден ФФМ го одржа Редовното Генерално Собрание на кое меѓу другото беше донесена одлука во следната натпреварувачка 2022/2023 година биде формирана единствена Втора лига која ќе брои 16 екипи.
Во лигата ќе учествуваат двете екипи што ќе испаднат од Прва фудбалска лига, две екипи кои како второпласирани во сегашните две втори лиги ќе играат бараж со екипите од првата лига, екипите пласирани од 3 до 7 место во моменталните две втори лиги и двете најдобри од третите лиги кои преку бараж натпревари ќе се изборат за единствената втора лига.
С. Ивановски