Тим од врвни специјалисти од Универзитетската медицинска клиника од Бурса, Република Турција – еден од водечките истражувачки и медицински центри во земјата, предводен од Д-р Süleyman Çeçen, пластичен и реконструктивен хирург и специјалист за третман на изгореници, беше пречекан во Општина Кочани од страна на градоначалникот, д-р Владко Грозданов, при што се одржа пријателски и содржаен разговор.

Во рамки на нивниот ангажман, беа извршени прегледи на неколку деца, при што беше обезбедена стручна проценка и насоки за понатамошен третман. Тимот изрази подготвеност и во иднина да остане на располагање, со цел континуирана грижа и поддршка.
Општина Кочани изразува искрена благодарност за нивната посветеност, професионалност и хуманост, кои претставуваат значајна поддршка за заедницата.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
