„Почитувани, сакам да изразам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски и Извршниот комитет за довербата да го предводам Општинскиот комитет Кочани.
Ова за мене претставува чест, но и голема одговорност. Со чесна, посветена и домаќинска работа ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и за развојот на Кочани.
Ќе градиме политика заснована на чесност, единство, почит и вистинска грижа за секој човек.
Кочани отсекогаш било симбол на истрајност, достоинство и силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, и така ќе остане место на патриотизмот, заедништвото и победничкиот дух.
Продолжуваме заедно, силно и посветено за Кочани и за Македонија!“
Објави на својот ФБ профил Александар Андов, откако на седницата ИК на ВМРО ДПМНЕ меѓу донесените повеќе кадровски решенија, тој е избран за нов Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
