ОНА ШТО ГО НАЈАВИЈА ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ДОСТА БЕШЕ“ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ

јуни 13, 2026
1 минути

Најавената еколошка акција од страна на Граѓанското здружени „Доста беше“ во целост се реализираше.

Во текот на вчерашниот ден (Петок) членови на Граѓанското здружение „Доста беше“ ја чистеа пристапнната јужна страна до ПД „АСНОМ“.

Од високата трева  скалите кои водат кон ПД „АСНОМ“ а по кои секојдневно минуваат дечиња кои го посетуваат музичкото училиште воопшто не се гледаа, за да сега се во целост исчистени.

Останува уште еден дел да се исчисти а тоа е работа на КЈП „Водовод“ чии екипи треба да ја отстранат големата сува трева која го покрива поголемиот дел од „АСНОМ“ за да не дај Боже една мала искра предизвика пожар.

Како и да е Граѓанското здружение „Доста беше“ покажа дека кога се сака се сé може. Убаво би било кога и другите наши сограѓани би го следеле нивниот пример.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ