АВТОМОБИЛСКО ШОУ НА ПОНИКВА – ИЗЛОЖБА НА ДВЕСТЕ АВТОМОБИЛИ

јули 12, 2026
0 минути

Денеска, на локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу.

На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија.

Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во автомобилската сцена, со посебна категорија што го истакнува нивниот стил, посветеност и креативност во уредувањето на возилата.

Сакам искрено да им честитам на организаторите за идејата, ентузијазмот и за трудот што го вложија за овој настан да стане реалност. Општина Кочани ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што го збогатуваат општествениот живот, го промовираат нашиот град и создаваат нови можности за дружење, туризам и развој, особено овде, на Осоговските Планини – изјави градоначалникот Владко Грозданов.

Покрај изложбениот дел беа организирани и други активности и натпревари, со цел да се создаде динамична и атрактивна атмосфера за сите посетители и учесници, а најуспешните модели беа наградени.

Организаторите истакнаа дека настанот е израз на длабоката љубов кон автомобилите на нивни другари кои трагично ги загубија животите во пожарот на 16 март 2025 година, а посетеноста и бројот на учесниците се доказ дека автомобилската култура и заедништвото имаат силна поддршка во Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ