Со максимална ангажираност на човечките ресурси и целокупната расположлива механизација во приватниот и општествениот сектор, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов континуирано презема интензивни активности за целосно локализирање и гасење на пожарот на Градската депонија во Кочани.
Од првите моменти по избувнувањето на пожарот, сите надлежни служби се ставени во функција, а механизацијата непрекинато работи на терен со цел пожарот да биде целосно изгаснат и да се спречи негово повторно разгорување.
Активностите продолжуваат со несмалено темпо и во текот на ноќта, при што сите расположливи капацитети остануваат ангажирани сѐ до целосно ставање на пожарот под контрола.
Општина Кочани останува посветена на заштитата на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и на минимизирање на последиците врз животната средина.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
