Тагува спортско Кочани. Денес почина еден од најдобрите фудбалери на „Осогово“ а долги години и најдобар стрелец, Тодор Тошо Донев. Освен за „Осогово“ Донев настапуваше и во златната генерација на „Куманово“ кога овој клуб жареше и палеше во Втората Сојузна Лига на Југославија. Донев почина на осумдесетгодишна возраст.
Погребот ќе се изврши утре (Петок) на Градските гробишта во Кочани. Во 12:00 часот телото ќе биде изложено во Градската капела.
Царство небесно Кочанска фудбалска легендо.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
