ГОЦЕ СЕРАФИМОВ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

април 5, 2022
1 min read

Почитувани сограѓани, сопартијци и другари,

Чест ни е да Ве известиме дека со одлука на Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, за Претседател на ОО СДСМ Кочани, повторно е именуван нашиот досегашен Претседател – Гоце Серафимов.

Голема благодарност до Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и Генералниот секретар, Миле Зечевиќ, за укажаната доверба.

ОО СДСМ Кочани ќе продолжи посветено, одговорно, демократски и обединето да работи и да ги спроведува социјалдемократските политики, да гради едно општество за сите и да ги решава тековните проблеми на граѓаните на Општина Кочани. Заедно ќе продолжиме да ја градиме сегашноста и иднината, со нова енергија, подготвени за сите предизвици пред нас.

Со вредно и правично работење ОО СДСМ Кочани оди кон нови победи.

Честитки за Претседателот Goce Serafimov му посакуваме успешен и плоден нов мандат.