Во пресрет на мајските празнувања на терасата лоцирана на Западниот дел од НУ Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани беше отворена изложбата „Пејзажи“ на која беа изложени дела од учениците од Училиштето за цртање и сликање кое една деценија работи во склопот на НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани.
„Училиштето за цртање и сликање при Националната установа годинава слави јубилеј од 10 години постоење. Во рамки на чествувањето, ова е прва изложба на дела, а во текот на годината ќе се реализираат уште неколку“ истакна Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектур и дизајн.
Инаку училиштето го посетуваат триесетина млади уметници кои творат под будното око на нивниот ментор, уметничката Александра Димитрова а на изложбата „Пејсажи“ поставени се околу 100 нивни дела.
С. Ивановски