Кошаркарите на „Баскет Дино деликатес“ од Кочани успеаја да ги совладаат своите противници и во М-16 лигата и во М-18 лигата, го израмнија резултатот и сега во двете конкуренции ќе играат „мајсторки“ за да ги продолжат натпреварувањата.
М-16 1/8 финале Кошаркарска лига
„Баскет Дино Деликатес“–„Гостивар“ 69:62 (14:11, 24:21, 22:6, 9:24).
Младите кошаркари на „Баскет Дино Деликатес“ добро го започнаа натпреварот против добрата екипа на „Гостивар“, имаа сигурно водство во трите четвртини, но во последната подзастанаа и за малку ќе направеа од готово вересија
Кошевите ги постигнаа: Лазарев 27, Манев 19, Георгиев 10, Ефремов 9, Крстов 4.
М-18 1/8 финале Кошаркарска лига
„Баскет Дино Деликатес“ – „ТФТ“ 83:64 (13:08, 19:16, 22:28, 29:12)
Три четвртини интересен и неизвесен натпревар. Влогот на домаќините беше „мајсторка“ додека гостите сакаа работата да си ја завршат уште во Кочани. Во последната четвртина која се покажа како клучна за кочанчани домаќините влегоа со предност од само два поени, одиграа добра одбрана и ефикасен напад и закажаа „мајсторка“ во Скопје
Кошевите ги постигнаа: Коцев 27, Карајанков 15, Ивановски 15, Лазарев 13, Ѕмбов 4, Томевски 3, Богданов 2, Златков 2, Манев 2.
С. Ивановски