ГЕРИЛА АКЦИЈА НА „ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

мај 24, 2022
0 минути

Ако досега дел од „ноќните птици“ вршеа герила акција со расфрлање на смет каде ќе им текне, со уништување на заеднички добра, еве денес на еден од најголемите Македонски празници, на денот на  „Денот на просветителите“ акцијата е изведена малку поцивилизирано.

Имено на столбовите на излезот од градот се веат двете знамиња и официјалното и неофицијалното на Македонија што досега се нема случено на некое празнување.

Бидејќи КЈП „Водовод“ е компанијата која ги поставува знамињата во градот, стапивме во контакт со в.д. директорот на КЈП „Водовод“ за да провериме дали тие ги имаат поставено знамињата, но од таму добивме конкретен одговор дека тие немаат врска со поставувањето на двете знамиња.

Фотографиите сега се историја.

С. Ивановски