Во организација на Боречкиот Клуб „Карбинци“ а по повод празникот Спасовден, денес во Карбинци се одржа турнир во борење за деца и пионери. На турнирот учествуваа 85 борачи од „Спартак“, „Балканец“, „Киро Ристов“ и домаќинот „Карбинци“.
Екипата на „Спартак“ од Кочани учествуваше со 13 борачи (во машка и женска конкуренција) кои освоија 7 медали, од кои 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.
Злато: Славица Митева до 40 кгр. (деца) и Михаил Алексов до 45 кгр. (деца).
Сребро: Стојана Митева до 50 кгр. (пионерки), Лазар Ангелов до 25 кгр. (деца) и Филип Ангелов до 62 кгр (пионери).
Бронза: даријан Павлев до 57 кгр. (пионери) и Христијан Стоилов до 30 кгр (деца).
„Имавме добар настап на турнирот. Борачите и во пионерска и во категоријата деца имаа прв ваков настап и според она што го покажаа мораме да бидеме задоволни. Медалите се веќе освоени но и оние кои денес останаа без медали морат да бидат задоволни од сето она што го покажаа. Се надаваме дека ќе продолжиме да работиме уште повеќе и дека полека но сигурно ќе почне кочанското борење да се враќа на она место каде и беше, а тоа се шампионските патеки“ беше изјавата на Александар Павлев тренер во БК „Спартак“
С. Ивановски