ИЛИЈЕВ:, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД РЕЗУЛТАТОТ, ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГО ПОТВРДИМЕ И ПО ДВЕ СЕДМИЦИ

октомври 18, 2021
1 минути

Почитувани сограѓани,

По вчерашното гласање за градоначалник и за Совет на Општината, дозволете ми да се заблагодарам за мирниот и демократски начин на спроведување на изборите.

Им благодарам на сите што ги препознаа политиките и заложбите за градење на модерно и урбано Кочани и за подобрување на квалитетот на животот на сите во него.

Советот кojшто ќе одлучува за прашањата од јавен интерес во наредните 4 години, ќе биде разнолик, за разлика од претходниот состав, што е уште еден израз на демократијата.
Посакувам тој да биде поуспешен од претходниот!

За изборот за градоначалник на Кочани ќе одлучувате сите вие со право на глас, во вториот круг од Локалните избори, на 31 октомври.

Разликата во гласовите што ја остваривме во актуелниот општествено-политички амбиент ми дава за право да бидам задоволен и да ве повикам да ја потврдиме и по две седмици!

Ви благодарам!