Почитувани учесници во сообраќајот,
Од денес и во следните денови ќе се изведуваат градежни работи на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“.
Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот.
Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.
Општина Кочани