СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА КАЈ БЕТОН АПЕЛИРААТ: „НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА СЕ ШИРАТ БОЛЕСТИ ПО ГОРЕШТИНИТЕ“

јуни 30, 2022
1 min read

Дел д станарите што живеат во зградата каде што се сместени канцелариите на „Бетон“ испратија две фотографии и текст со кого апелираат до надлежните да почнат да си ја вршат својата работа за да не дојде до некои нови болести по овие високи температури.

Текстот Ви го пренесуваме во целост:

„Се надеваме дека ќе сакате да го објавите овој текст-апел се со цел да не се дозволи да се развиваат некои нови болести по овие пеколни горештини. Денес попладнето до контејнерот во кој ние станарите го фрламе ѓубрето фрлена е поголема количина на тесто по се изгледа од најблиската пекара која е до кафичот Блејк. Кој и да го фрлил не е добро бидејќи до утринава кој знае што може бактерии од него да се развијат. Ги молиме надлежните да испитаат од кого е фрлено тестото и да преземат мерки. Исто така ги молиме сопствениците на Блејк да не фрлат празни шишиња во контејнерот по работното време бидејќи ние нема каде ѓубрето да го фрламе. Имаат тие и знаат каде има контејнер за стаклени и други шишиња. Апелот то го упатуваме е со добра намера бидејќи сите сакаме да живееме во чист град.“

Група станари