Вечерва (Вторник) во предигра на големото и малото финале од „Петровденскиот фудбалски турнир 2022“ со почеток во 18:00 часот ќе се одигра Ревијален фудбалски натпревар со цел да се оддаде почит за прерано згаснатиот живот на нашиот сограѓанин Благоја Баки Апостоловски.
Самиот финален дел започнува во 19:00 часот кога во борбата за третото место ќе се сретнат поразените екипи од полуфиналните натпревари „Пролет“ – „Еволушан“, додека големото финале е закажано за во 20:00 часот каде во борба за победничкиот пехар ќе излезат на мегдан екипите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“.
Резултати од полуфиналните натпревари:
„Џинџер“ – „Пролет“ 4:1
“Ауто Велт“ – „Еволушан“ 2:0
С. Ивановски