РАСКОПАНО, ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ И ОСТАВЕНО

јули 24, 2022
0 минути

Две седмици улицата „Иван Иванов – Балаш“ изгледа како на приложените фотографии. Екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани дошле, ја раскопана, го отстраниле пријавениот дефект и ја оставиле некој друг да ја заврши до крај започнатата работа.

Пред две седмици на улицата „Иван Иванов Балаш“ во Кочани пукнала водоводна цевка која додека дошле екипи од КЈП „Водовод“ од Кочани веќе направила штета во некои од подрумските простории на околните куќи. Дошле, ја санирале штетата и ја оставиле така улицата раскопана до ден денес.

Жителите реагираат бидејќи не можат да поминуваат со своите возила безбедно а и дечиња мали, радознали често скокаат во ископаниот дел и може да се повредат.

Апелираат до надлежните од комуналното претпријатие да дојдат и да ја санираат улицата, односно да ја доведат во состојба каква што била пред нивната интервенција при отстранување на дефектот.

С. Ивановски