ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ЧИФЛИК ГИ СОПРЕ ДОМАЌИНИТЕ СО УДАРИТЕ ОД БЕЛАТА ТОЧКА

јули 25, 2022
0 min read

Се одиграа првите два четврт финални натпревари од годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“ кои беа изедначени и до самиот крај неизвесни.

Најпрвин се одигра натпреварот  „Чифлик“ – „Чешиново“ кој по регуларните 80 минути (на турнирот се игра 2 х 40 минути) заврши без победник па ударите од белата точка го дадоа првиот полуфиналист. Екипата на „Чифлик“ прва го отвори резултатот но „Чешиново“ изедначи и со 1:1 се замина на одмор. Во второто полувреме ново водство за „Чифлик“ но упорните домаќини израмнија на 2:2  речиси во последната минута од натпреварот.

Ударите од белата точка го дадоа првиот полуфиналист а тоа е екипата на „Чифлик“ која славеше со 5:3 по серијата пенали.

Вториот натпревар „Жиганци“ – „Крбинци“ не се одигра до крај. При водство за „Карбинци“ од 1:0 на три минути пред крајот на средбата, поточно во 77’ поради невремето се прекина напојувањето со електрична енергија па немаше речиси никакви услови средбата да продолжи. Сепак според правилата на фудбалската игра резултатот остана конечен па така „Карбинци“ е вториот финалист. Екипата на „Жиганци“ барала преигрување на натпреварот но се е според пропозициите и од такво нешто нема ништо.

Поради овој бизарен проблем (виша сила) организаторот одлучи полуфиналните натпревари кои се во Сабота и Недела да се играат со почеток во 17:30 часот.

С. Ивановски