Почитувани,
Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!?
Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања со кој било политички субјект.
Поинтересно е што Левица не го поддржа истиот тој план, а дадоа поддршка за вработувања во бибилиотека „Искра“ каде реално, нема ни потреба. Првиот пат не беа согласни, за да веќе вториот пат – гласаа ЗА. Што е тоа што се смени во меѓувреме?
Веќе се отвара прашањето – дали нивната поддршка е со добри намери за сите граѓани или е дадена од некаков си интерес?
Дали е поддршка од ист калибар како договорот кој Левица го склучи со ВМРО за поставување на членови во управни одбори со ЈП Водовод Кочани и регионалното ЈП за депонирање на отпад што ќе се отвори во Свети Николе? Упорно настапуваат од позиција дека работат во интерес на сите граѓани и се против секакво здружување и злоупотреба – а всушност тие го прават токму тоа – се договараат за нивни активисти да се најдат на список за месечен надомест од државата.
Што друго имаат договорено само да се остваруваат личните интереси на поединци од нивната политичка структура!?
Тажно е што сето ова се случува додека нивните поддржувачи им ракоплескаат за навидум искрениот и демократски политички пристап кој го презентираат во јавност.
ОО на СДСМ Кочани