Во петок (07.10.2022 година) во НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во салон „Фоаје 1“ со почеток во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата „Лесновска ликовна колонија 2022“.
Комплетната организација на изложбата е на Домот на културата од Пробиштип а истата е дел од проектот „Преземање изложби 2022“ и е дел од годинешната програма на установата а е под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура на Македонија.
С. Ивановски