Комуналната инспекција на Општина Кочани со соработка со полициски службеници, в недела, на 23 октомври 2022 година ќе спроведе контролна акција на пазарот кај Автобуската станица.
Надлежните служби ќе ја контролираат узурпацијата на јавната површина од страна на продавачите на земјоделски и на индустриски производи.
Целта на акцијата е да се воспостави ред во користењето на јавните површини и на безбедноста во движењето на сообраќајните површини.
Според Законот за јавна чистота, на јавни површини е забранета продажба на земјоделски и на индустриски производи, освен на места определени за таа намена.
Општина Кочани