ЗАВРШНО ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДО ГЛАСАЧИТЕ

октомври 29, 2021
1 min read

Почитувани сограѓани, промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани.

Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува само уште еден чекор до новата иднина.

Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани.

Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина. Ајде заеднички да ја оствариме целта.

На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи.

Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани. Ви благодарам.

Љупчо Папазов,

кандидат за градоначалник

на Општина Кочани

од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата