Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец октомври.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 35 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
„Акцијата е седумнаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а десетта во просториите на Црвениот крст. На акцијата крв даруваа 35 крводарители од кои десетсе млади лица до 30 годишна возраст и имавме четири првократни крводарители. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата“ истакнаа од Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.