Помина и третиот ден, а сликата иста, непроменета. Сметот стои на платото ама немакој да го собере,
Ова е тридневната слика на платото кај Блок А во Градскиот трговски центар, непосредно пред „печурката“ на Атом.
Од неделата па наваму постои надеж дека одговорните за хигиената во градот ќе дојдат и ќе го соберат она што беше фрлено во кантата за смет но која од поодамна е скината (скапо е одржувањето) а кучињата скитници барајќи храна сето тоа го разнесуваат.
Борбата за живот на кучињата скитници е оправдана но не и односот на надлежните во општината кои со малку желба ќе испратат свои екипи и скинатиот дел од кантата за смет ќе го поправат па сметот и да стои подолго време нема да се разнесува, а вака, и по третиот ден без промени.
С. Ивановски.