ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

декември 27, 2022
0 минути

На 23. седница на Советот на Општина Кочани советникот Венко Крстевски побара продолжување на работното време за време на Новогодишната ноќ, на киосците во „Паркот на Револуцијата“.

Како што истакна од говорницата повеќе наши граѓани не се во можност да отпатуваат некаде на страна или да посетат некој од угостителските објекти за време на „највеселата ноќ“ па затоа потребно е да се зголеми работното време за да можат оние што веќе решиле да не отпатуваат никаде,  дочекот да го имаат на отворен простор.

Бидејќи сите советници дадоа зелено светло за овој предлог, од стручните служби од Општина Кочани добија објаснување дека работното време за киосците во време на Новогодишната ноќ ќе може да се помести само за два часа, односно  поместувањето ќе биде  од 24:00 часот до 02:00 часот.

С.  Ивановски