КАДЕТИТЕ И МЛАДИНЦИТЕ НА ГФК “ОСОГОВО“ ЈА НАПОЛНИЈА ФИТНЕС/ТЕРЕТАНАТА НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

Во Спорт
јануари 12, 2023
1 минути

Фудбалерите од кадетскиот и младинскиот погон на ГФК „Осогово“ под водство на тренерскиот двоец Тоде Митев и Доминик Тенев ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството. Се работи на физичката подготовка на играчите како прв дел од циклусот подготовки.

Засега подготовките се одржуваат во  фитнес/теретаната на стадинот „Никола Мантов“ која беше донација од членовите на здружението „НИКОЛА МАНТОВ“ од Кочани и нивнитте поддржувачи.

Од здружението „Никола Мантов“ најавауваат нови програми за поддршка на младите фудбалери кои наскоро ќе бидат претставени пред кочанската јавност.