Од двете правци на булеварот „Стево Теодосиевски“ по една од лентите е зафатена со паркирани возила а новиот паркинг простор што се направи до заграденото кошаркарско игралиште во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ стои празен.
Чудно е што луѓето тешко ги менуваат своите навики. Иако на паркинг просторот не се наплаќа можат да се забележат само 3-4 паркирани возила а сите останати се на лентите од булеварот што им смета на голем број учесници во сообраќајот.
Која е целта на ваквиот начин на паркирање не се знае, но факт е дека самите ние полека треба да ги менуваме навиките.
С. Ивановски