Во Недела со почеток во 09:30 часот, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе бидеме сведоци на 17-тото издание на Меморијалниот Фудбалски Турнир „Драганица Куп“.
Според информациите на годинешниот турнир освен домаќинот, воедно и организатор „Осогово“ ќе настапат и екипите на „Слога 1934“ (Виница) и „Каменица Саса“ (Македонска Каменица) со генерација на играчи 2006/2007 година.
Ќе се игра по „Италијански систем“ значи секој со секого а натпреварите ќе траат по 45 минути.
По завршувањето на турнирот ќе бидат прогласени: Најуспешниот голма, Најдобриот играч, и Голгетерот на турнирот.
С. Ивановски