ЖФК „Кочани“ е есенски шампион во Втора Фудбалска Лига – за жени, откако во 7-то коло, последно есенско како домаќин ја совлада мошне добрата екипа на „Вардар“ со 3:1 (1:0).
Салихи со головите во 39’58’70’ ги доведе домаќинките во сигурно водство кое упорната гостинска екипа го намали во 83’ со голот на Кицара.
Инаку самиот натпревар покажа дека овие две екипи со право се на првите две позиции. Рака на срце гостинките во првото полувреме беа и подобар противник, создадоа три шанси за гол но ниту еднаш не успеаја да ја затресат мрежата на „Кочани“, додека девојчињата во овој период од играта создадоа две шанси од која едната беше искористена.
Второто полувреме гостите го запонаа со напади но како игтаѕа одминуваше тие како да остануваа „без воздух“ додека девојчињата од „градот на оризот“ чекаа сигурна шанса да го зголемат водството, што им појде од рака во 58’ и 70’.
„Жетварките“ ќе ја презимат зимата на првото место а бодовната разлика од пет бода дава голема надеж дека на оваа позиција ќе останат и по завршувањето на првенството.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ